- За купување на возило на рати преку лизинг, потребно е учество од минимум 20% од цената на возилото, треба да сте во редовен работен однос најмалку 3 месеци и да имате валидна лична карта. Погледнете ја понудата на возила на следниот линк: https://www.onegroup.mk/car-sales/ и контактирајте не на 022775555 или 071 236 060.

- Финансираме до 15,000 евра и со можност на отплата од 12 до 48 месеци.

- Да, можете да купите возило од авто плац со којшто ние имаме склучено соработка. Контактирајте не на 022775555 да добиете информација за нашите соработници.

- Износот на рата или трошоците за лизинг зависи од висината на учеството и Вашите месечни примања. За да добиете понуда потребно е да поднесете апликација преку нашата веб страна за конкретното возило. За подетални информации контактирајте не на 022775555 или 071236060.

- Месечен надомест за лизинг- 1,20% - 1,60%

- Трошок за одобрување - 1%

- Надоместок за анекс во договорот (термин за промена, промена на главница (зголемување / намалување), промена датум на плаќање) - Прва промена 0%, втора и секоја наредна промена 0,5% + ДДВ

- Дневна провизија за задоцнета уплата - 0,025% + ДДВ

- Провизија за предвремена отплата (од преостанатата главница) по истек на 12 месеци

  • 3% + ДДВ

- Писмо за опомена на клиенти во задоцнување - Прва опомена 300 МКД + ДДВ, втора и секоја наредна опомена 615 МКД + ДДВ

- Провизија за раскинување на договор - 3% од преостанатата главница + ДДВ

- Задолжителни документи за достава при пополнување на апликација за лизинг се:

  • Лична карта или пасош
  • Извод од трансакциска сметка за последни три месечни примања
  • Режиска сметка (за потврда на изјавена моментална адреса на живеење)
  • Сообраќајна дозвола или хомологација (доколку возилото го купувате од лице коешто не е наш соработник)
>