Права на интелектуална сопственост

Целата содржина на веб страницата и во тој смисол не само сите текстови туку и сите слики, марки, логоа и графики се исклучиво во сопственост на ОНЕ ЛИЗИНГ ДООЕЛ Скопје. Секој корисник на WEB страницата може да вчитува или да печати определени страници под услов да не ги прекрши одредбите на Законот за авторски и сродни права, или пак некој друг сроден законски пропис. Забрането е копирање, пренесување, модифицирање или користење на оваа WEB страница за каква јавна или трговска цел без претходно писмено одобрение од страна на ОНЕ ЛИЗИНГ ДООЕЛ Скопје. 

Сите имиња, логоа и трговски марки на ОНЕ ЛИЗИНГ ДООЕЛ Скопје коишто се објавени на страницата, не може да се користат или репродуцираат без претходно писмено одобрение од страна на друштвото. 

Забрането е поставување на какви било линови кон WEB страницата од друга WEB страница без претходно писмено одобрување од страна на ОНЕ ЛИЗИНГ Скопје. 

Линкови со други WEB страници 

ОНЕ ЛИЗИНГ ДООЕЛ Скопје нема да сноси одговорност за информации коишто се наоѓаат на други WEB страници до кои тој има хиперлинкови. 

Карактер на содржината на WEB страницата 

Содржината, или кој било нејзин дел објавени на таа WEB страница, не е и не може да се гледа, смета и/или интерпретирано како реклама, понуда, покана или каков било друг вид трговска понуда. Исто така, не може да се смета за правен совет ниту пак како понуда за конкретна зделка. Со оглед на важечкото законодатвство и конкретните параметри на зделката, можно е конкретно склучена зделка целосно или делумно да се разликува од карактеристиките и условите објавени на веб страницата. 

Одговорност 

ОНЕ ЛИЗИНГ ДООЕЛ Скопје редовно ги обновува информациите на својата WEB страница, но тоа не ја исклучува можноста од настанување на пропусти поради објективни причини. ОНЕ ЛИЗИНГ ДООЕЛ Скопје не сноси одговорност за последиците во случај на евентуални штети кои што би можеле да настанат и/или се поврзани со пристапот и користењето на WEB страницата. 

Целата содржина на WEB страницата се поставува во вид кој што подлежи на промени без претходна најава. Таа информација се доставува во содејство со важечкото законодавство без каква било гаранција дека одговара на дадената цел, неповредливост и заштита од компјутерски вируси или други опасности. ОНЕ ЛИЗИНГ ДООЕЛ Скопје не сноси одговорност за обемот, точноста и потполноста на информацијата. 

Користењето на содржините на WEB страницата е за сметка на корисникот, имајќи ги во предвид ограничувањата во корист на носителот на авторското право. Корисникот е самиот одговорен за начинот на перцепцијата и интерпретацијата на точноста, потполноста и полезноста на информацијата којашто се наоѓа на WEB страницата. ОНЕ ЛИЗИНГ ДООЕЛ Скопје неможе да гарантира континуиран пристап до својата WEB страница.

ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

Друштвото за лизинг ОНЕ ЛИЗИНГ ДООЕЛ Скопје, со адреса на ул. Васил Главинов бр.14/2-8, 1000 Скопје, со ЕМБС 7273614 (во понатамошниот текст: „Контролорот“) е друштво за лизинг кое што во текот на вршење на својата дејност обработува лични податоци на баратели и корисници на лизинг услуги (во понатамошниот текст: Субјекти на лични податоци).

Со оваа Политика на приватност, Контролорот сака на сите Субјекти на лични податоци и други заинтересирани лица да ја презентира неговата политика во однос на целите, обемот и начинот на собирање и обработување на лични податоци при користење на услугите на Контролорот.

НАПОМЕНА: Со користењето или поднесување на барање за користење на услугите на Контролорот се согласувате со наведениот начин на собирање и обработка на Вашите лични податоци.

За сите прашања што ги имате во однос на значењето на оваа Политика за Приватност, нејзината примена, начинот на обработка на лични податоци или користењето на Вашите законски права за заштита на лични податоци можете да го контактирате офицерот за заштита на лични податоци на Контролорот: Ивана Панова, со телефон 070337141 и e-mail адреса: ivana.panova@onegroup.mk

Цел на обработка

Конкретно целите на собирање и обработка на Вашите лични податоци се следниве:

Комуникација - Вашите лични податоци може да се искористат за наша комуникација со Вас. Под комуникација се подразбира комуникација во секоја форма (лична, телефонска, поштенска, e-mail комуникација или комуникација преку некоја електронска комуникациска платформа).

Одобрување на лизинг услуги – Вашите лични податоци може да се искористат со цел да процениме дали ги исполнувате условите за користење на нашите лизинг услуги како и условите под кои што би можеле да ги дадеме таквите услуги.

Исполнување на договор - Вашите лични податоци може да се обработуваат со цел цел соодветно да ги извршиме нашите обврски према Вас во врска со нашите лизинг услуги, како и за да ги заштитиме нашите легитимни интереси поврзани со тие услуги или продажба.

Почитување на регулативата – постојат случаи во кои што ние како Контролор собираме и користиме Ваши личните податоци затоа што за тоа постои законска обврска или наредба на орган на власта.

Рекламирање – може да ги обработуваме Вашите лични податоци со цел преку дописи на електронска пошта или преку телефонски повици да Ве информираме за нашите услуги, продукти и понуди кои што би можеле да Ве интересираат.

Спречување на злоупотреби – може да ги обработуваме Вашите лични податоци да спречиме измама, злоупотреба, кршење на законите или за да ги заштитиме интересите на потрошувачите или трети лица од недозволено или неморално однесување.

Начин на собирање на лични податоци

Ние собираме лични податоци за Вас од следниве изводи:

Директно од Вас – ние најголемиот дел од личните податоци го собираме директно од вас. Вие ни ги давате на обработка Вашите лични податоци кога поднесувате барање за одобрување на лизинг на нашата web-страна, во нашите подружници, преку електронска пошта или телефон.

Информации од други извори – со цел да ја провериме Вашата кредитна историја ние добиваме податоци за Вас од Македонското Кредитно Биро. Ова го правиме врз основа на Ваша изречна согласност.

Давање на личните податоци на трети лица

Контролорот нема да ги продава Вашите лични податоци или да овозможува неоправдан пристап на трети лица до Вашите лични податоци.

Сепак постојат одредени случаи кога Контролорот ќе овозможува пристап на трети лица до Вашите лични податоци, како што се:

Трети лица ангажирани во врска со давањето на нашите услуги - овие трети лица може да ги користат Вашите лични податоци само за извршување на потребната услуга и не може личните податоци да ги користат за други цели.

Органите на власта или правосудните органи и тоа ако за ова има изречна и основана наредба образложена со законски основа, наредба од суд или управен орган, како и доколку тоа е потребно за да се заштитат правата, интересите, имотот или безбедноста на Контролорот, нашите соработници, потрошувачи, јавноста или било кое трето лице.

Временско ограничување за чувањето на лични податоци

Ние ги чуваме Вашите лични податоци се додека постои реална потреба за нивно чување за да биде возможно исполнувањето на нашите обврски према Вас, заштита на нашите интереси или исполнување на нашите законски обврски.

Право на бришење, исправка, корегирање, дополнување, добивање на лични податоци

Вие имате право од нас да побарате бришење, корегирање, дополнување на Вашите лични податоци складирани кај нас.  

Вие имате право од нас да побарате да Ви ги дадеме Вашите лични податоци во вообичаено користен и машински читлив формат.

Барањето за реализирање на овие права може да го доставиме на e-mail адреса:  info@oneleasing.mk .

Ограничување на собирање и користење

Доколку не сакате да примате било каква комуникација (e-mail, пораки, телефонски позиви, комуникација преку електронски платформи за комунијација), тогаш тоа да го побарате од нас преку барање доставено на e-mail адреса: info@oneleasing.mk .

Право на пристап

Покрај тоа што е наведено во оваа Политика на Приватност, додатно Вие имате право од нас да побарате потврда дали ние обработуваме Ваши лични податоци и да добиете пристап до тие лични податоци и до следните информации: (i) цели на обработката; (ii) категории на лични податоци кои се обработуваат; (iii) корисници или категории на корисници на кои се откриени или ќе бидат откриени личните податоци, особено корисниците во трети земји или меѓународни организации; (iv) предвидениот рок за кој ќе се чуваат личните податоци, а ако тоа не е возможно, критериумите што се користат за одредување на тој период; (v) информации за како да го реализирате Вашето право на исправка или бришење на личните податоци или ограничување на обработката на личните податоци поврзани со субјектот на личните податоци, или право на приговор против таквата обработка; (vi)  информации за како да го реализирате Вашето право на поднесување на барање до Агенцијата за заштита на лични податоци за заштита на Вашите права; и (vii) постоењето на автоматизиран процес на одлучување, вклучувајќи го и профилирањето.

Информациите од предходниот став може да ги побарате од нас преку барање доставено на e-mail адреса: info@oneleasing.mk .

Право да се повлече согласноста за обработка на личните податоци

Вие имате право во било кое време да ја повлечете согласноста преку доставување на известување на e-mail адреса: info@oneleasing.mk .

Напоменуваме: дека во одредени случаи ќе бидеме приморани да продолжиме со обработување на Вашите лични податоци, доколку тоа е потребно за извршување на договор, заштита на легитимни интереси или исполнување на законски обврски.

Сигурност на податоците

Системот на заштита на лични податоци на Контролорот е креиран со главна цел да ги заштити приватноста и личните податоци на корисниците на нашите услуги и тоа согласно Законот за заштита на лични податоци.

Лични податоци кои се собираат и оработувааат

Контролорот особено ќе собира Ваши лични податоци, како: име и презиме, ЕМБГ, податоци од лична карта или пасош, контакт информации, професија, приходи, работно место.

Пријава до Агенцијата за заштита на личните податоци

Доколку сметате дека со собирањето или обработката на Вашите лични податоци, некои Ваши права се повредени или е прекршена некоја од одредбите на Законот за личните податоци, тогаш можете да поднесете барање за заштита до Агенцијата за заштита на личните податоци.

НАПОМЕНА: Со прифаќањето на оваа Политика за приватност и со користењето на нашите услуги, Вие се согласувате со наведениот начин на собирање и обработка на Вашите лични податоци при што истото претставува согласност за обработка на лични податоци во смисла на Законот за лични податоци.

 

Во продолжение се прикачени документите за бришење и исправка на лични податоци, ограничување на обработка, повлекување на согласноста, барање за преносливост на лични податоци, за пристап до лични податоци и приговор против обработка на лични податоци. Доколку имате некое од горенаведените барања Ве молиме пополнете го документот, потпишете го и скенирана верзија испратете на e-mail-от наведен во самиот документ. 

Барање за бришење на лични податоци
Барање за исправка на лични податоци
Барање за ограничување на обработка
Барање за повлекување на согласноста
Барање за преносливост на лични податоци
Барање за пристап до лични податоци
Приговор против обработка на лични податоци

Согласност за собирање, чување и обработка на лични податоци, директен маркетинг и проверка на кредитна способност

Друштво за лизинг Оне Лизинг ДООЕЛ Скопје, со седиште на Ул. Васил Главинов бр.14/2-8, Скопје (во понатамошниот текст "ние" или "Друштвото"), е друштво кое е основано согласно законите на Република Северна Македонија, врз основа на претходна согласност - Решение бр.13-449/4 од 05.04.2018 година на Министерството за финансии на Република Северна Македонија.


Со цел да ги обезбедиме бараните услуги, заради идентификација, проверка на кредитната способност, обработка на апликацијата за лизинг, извршување и администрирање на договорот/ите коишто ги имате склучено со Друштвото, како и со цел да ги исполни своите законски обврски кои произлегуваат од Законот за заштита на потрошувачите при потрошувачки кредити и Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, потребно е да ги собереме и обработуваме Вашите лични податоци и тоа:

- име и презиме,

- адреса на живеалиште/престојувалиште,

- единствен матичен број,

- телефон,

- електронска пошта,

- број на трансакциска сметка,

- единствен здравствен број,

- податоци за вработување,

- износ на месечни примања.

Наведените лични податоци се потребни за целите на склучување и реализирање на договорот за лизинг кој Вие како наш клиент ќе го склучите со нашето Друштво.

Не сте обврзани да ја дадете согласноста, имате потполно право на избор и истото е целосно доброволно. Меѓутоа, за жал, нема да бидеме во можност да ја обезбедиме бараната услуга и да го склучиме договорот за лизинг, доколку не ни ја дадете Вашата изречна согласност.

Можете да побарате Друштвото да ја запре обработката на Вашите лични податоци во било кое време, овластени сте да побарате измена, дополнување и бришење и имате неограничен пристап до Вашите лични податоци кои се обработуваат.

Доколку сакате Друштвото да ја запре обработката на Вашите лични податоци или побарате бришење на истите, Ве молиме известете не на телефон (02) 2775555, со испраќање на е-маил на info@onegroup.mk или лично во било која од филијалите на Друштвото. Во таков случај, ќе го разгледаме Вашето барање и ќе запреме со обработката на Личните податоци односно ќе извршиме бришење до законски дозволениот минимум.

Имајќи го во предвид горенаведеното, со потпишување на оваа Согласност, изрично се согласувам дека Друштвото:

- Има право да ги собира, чува, обработува и пренесува моите лични податоци наведени погоре, коишто ги доставувам во писмена, усна или електронска форма непосредно на Друштвото или на било кое друго лице коешто по налог на Друштвото посредува во процесот на аплицирање, обработка на апликацијата и склучувањето и потпишувањето на Договорот за лизинг,

- Како и сите мои лични податоци кои Друштвото ги има добиено или може во секое време да ги добие од Македонското кредитно биро и од сите други релевантни регистри и институции во Република Македонија заради: а) моја идентификација, б) проверка на мојата кредитна способност, в) обработка на апликацијата за лизинг, г) извршување и администрирање на договорот/ите коишто ги имам склучено со Друштвото и д) за други цели коишто се дозволени според важечките закони на Република Македонија (цели за обработка на моите лични податоци);

- Изјавувам дека личните податоци кои ги имам доставено на Друштвото, ги давам доброволно и неприсилено, како и дека истите се во целост точни и можат да бидат употребени при склучување на договор за лизинг, како и дека сум запознаен/а со кривичната одговорност која ја сносам во случај на давање на лажни податоци, во случај ако се покаже дека оваа изјава е неточна и/или нецелосна;

- Во согласност со Законот за заштита на личните податоци и до законски дозволен обем, да ги пренесува, дава на користење и обработка сите мои лични податоци, вклучувајќи го и мојот единствен матичен број (ЕМБГ) на корисници/обработувачи во Р. Македонија и други држави, со кои Друштвото има склучен договор, вклучително и сите поврзани лица со Друштвото, агенциите за наплата на долгови, кредитни бироа, адвокатски друштва и канцеларии, вработените во Друштвото, правните наследници на друштвото, договорни и присилни стекнувачи на правата и обврските од договорот/те за лизинг и за купопродажба на возило, државните органи и секое друго физичко или правно лице, каде што е потребно, заради извршување на процесот на аплицирање и одобрување на лизинг, извршување и администрирање на договорот/те за лизинг и наплата на долг по основ на истите.

- Има право да ги користи моите лични податоци за цели на директен маркетинг, при што сум согласен да добивам комерцијални информации за производите кои ги нуди Друштвото, преку електронски средства за комуникација, вклучително, но неограничувајќи се на e-mail пораки и SMS пораки, при што изјавувам дека сум целосно запознаен со можноста да ја повлечам согласноста за користење на моите лични податоци за целите на директен маректинг;

- Има право да врши проверка на веродостојноста и трансакциската сметка која ја доставувам во КИБС;

- Да ја проверува мојата кредитна способност и да бара и собира мои лични податоци од сите релевантни јавни или приватни регистри и бази на податоци во Република Македонија, а особено да ја проверува мојата кредитна способност во Македонското кредитно биро и да ги добива сите достапни податоци и извештаи за мојата кредитна способност од Македонското кредитно Биро, како и да ги доставува моите лични и кредитни податоци до Македонското кредитно биро и сите други надлежни институции и органи во Р. Македонија; Запознаен/а сум со правата и обврските на Друштвото и Македонско Кредитно Биро согласно Законот за кредитно биро а во врска со доставата, приемот, користење и чување на моите лични податоци;

- Запознаен/а сум дека Друштвото има право да ги чува и обработува моите лични податоци во рок предвиден согласно Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам и останатите релевантни важечки закони во Р.Северна Македонија;

- Изјавувам дека сум целосно запознаен/а информиран/а за обработката на податоците во согласност со Законот за заштита на личните податоци, вклучувајќи ги меѓу другото: целите на обработката; корисниците или категориите на корисници на лични податоци; задолжителноста да се даде одговор на прашања; можните последици од недавањето на одговорите и правото на пристап, исправки на личните податоци и повлекување на согласноста за обработка на истите со поднесување на писмено барање до Друштвото;

- Запознаен/а сум и ги прифаќам Општите услови на Друштвото, Правилата за приватност и Колачиња.

Надоместоци и провизии:

Износ на финансирање 61.500 ден. - 922.500 ден.

Рок на отплата 12 месеци - 48 месеци 

Месечен надомест за лизинг- 1,20% - 1,60%

Трошок за одобрување - 1%

 

ТАРИФНИК НА ОНЕ ЛИЗИНГ ДООЕЛ СКОПЈЕ
  Услуга Цена во МКД Опис на услуга
1 Услуги за регистрација (во согласност со оддалеченост на место на потпис на документација и регистрација) Застапување на Корисникот на лизинг Технички преглед и МВР на РМ
до 100 км  2000 со вклучен ДДВ 
над 100 км  4000 со вклучен ДДВ 
2 Регистрација на возило (таксени марки; сообраќајна дозвола) Варијабилен трошок согласно вредноста на предметот на лизинг Технички преглед, сообраќајна дозвола и таксени марки
3 Промена на сопственост на регистрирано возило Реални настанати трошоци во процес на промена на сопственост на возило 
Одјава на регистарски таблици 700
Пробни регистарски таблици 2300
Промена на сообраќајна дозвола 1200
4 Нотарски трошоци (согласно износ на лизинг) Нотарски трошоци и други административни такси за потпис на документација за лизинг и откуп на возило
до 300,000 мкд  4000
од 300,001 мкд до 900,000 мкд  6000
5 Адвокатски услуги 6000 Адвокатски трошоци за потпис на Договор за лизинг во износ од над 10,000 евра
6 Централен регистар 1000 Проверка на активен залог и пријава на залог во Централен Регистар на РСМ
7 Услуги за проценка на возило (во согласност со оддалеченост на место на проценка) Проценка на вредноста на возилото од страна на застапник на Оне Лизинг 
до 100 км 1000 со вклучен ДДВ
над 100 км  1500 со вклучен ДДВ 
8 Трошок за кредитен извештај   300 со вклучен ДДВ  Оценка на кредитоспособноста на корисникот на лизинг
9 Трошок за инсталација на ГПС уред  600 со вклучен ДДВ  Инсталација на ГПС уред на предметот на лизинг за времетраењето на Договорот во случај на пониско учество од 30% од цената на возилото
10 Предвремена отплата на долг 0.5% од преостанатата главница + ДДВ до една година
1% од преостанатата главница + ДДВ над една година
По барање на Корисникот на лизинг
11 Надоместок за анекс во договорот (термин за промена, промена на главница (зголемување / намалување), промена датум на плаќање) Прва промена 0%, втора и секоја наредна промена 0,5%  од преостанатата главница + ДДВ По барање на Корисникот на лизинг
12 Дневна провизија за задоцнета уплата 0,038%+ДДВ Надоместот го подмирува Корисникот на лизинг во случај на заостанати обврски
13 Писмо за опомена на клиенти во задоцнување Прва опомена 300 МКД со вклучен ДДВ, втора и секоја наредна опомена 615 МКД со вклучен ДДВ Надоместот го подмирува Корисникот на лизинг по писмено известување од страна на Оне Лизинг во случај на заостанати обврски
14 Провизија за раскинување на договор 3% од преостанатата главница + ДДВ Надоместот го подмирува Корисникот на лизинг во случај на неисполнување на обврските од Договорот 
15 Потврда за затворен долг 500 МКД со вклучен ДДВ Потврда за затворен долг при отплата на вкупен долг 

За склучување на Лизинг договор од потребни документи потребна Ви е само валидна Лична карта или пасош и извод од три последни примени плата од банка каде примате плата.

ОНЕ Лизинг

Решение за основање и работа на Друштво за лизинг, број 13-449/4 од ден 05.04.2018 година од Министерство за финансии на Република Северна Македонија.

ОНЕ Финанце

Решение за основање и работа на Финансиско Друштво, број 13-450/3 од ден 18.03.2019 година од Министерство за финансии на Република Северна Македонија.

>